Месечна порака на Лијахона, мај 2025
Божествена помош за Смртноста
Планот на нашиот Небесен Отец обезбедува начини на помош што ќе нé водат низ смртните патувања.
I.
Преку пророкот Џозеф Смит, Господ открил неколку работи за нашиот претсмртен живот. Таму ние постоевме како духовни Божји битија. Бидејќи Бог сакаше да им помогне на своите чеда деца да напредуваат, Тој реши да создаде земја каде што ќе можеме да добиеме тела, да учиме преку искуство, да развиваме божествени особини, и да бидеме тестирани за да видиме дали ќе се држиме до Божјите заповеди. Квалификуваните ќе имаат „слава додадена на нивните глави засекогаш и секогаш“ (Авраам 3:26).
За да ги воспоставиме условите од овој божествен план, Бог го избира Неговиот Единороден Син да биде наш Спасител. Луцифер, чија предложена алтернатива ќе ја уништи човековата слобода на избор, станува Сатаната и бил „соборен“. Протеран на земјата и ускратен од привилегијата на смртен живот, на Сатаната му беше дозволено да се обиде „да ги мами и заслепува луѓето, и да ги води заробени по своја волја, и тоа сите оние кои нема да го послушаат [Божјиот] глас“ (Мојсеј 4:4).
Суштински дел од Божјиот голем план за смртен раст на Неговите чеда беше тие да доживеат „противење во сé“. (2 Нефи 2:11). Kако што не можеме да ги развиеме или одржуваме нашите физички мускули без да се спротивставиме на законот за гравитација, така и смртниот раст на човекот бара од него да се спротивстави на искушенијата на Сатаната и другите смртни спротивствувања. Најважно за духовниот раст е барањето да се избере меѓу доброто и злото. Оние кои ќе го изберат доброто ќе напредуваат кон својата вечна судбина. Оние кои избираат зло, како што секој кој е соочен со многубројните искушенија на земниот живот би направил, ќе има потреба од спасоносна помош, која ќе ја пружи саканиот Бог.
II.
Без сомнение, најмоќната смртна помош што Бог му ја дал на човекот беше обезбедувањето на Спасител, Исус Христос, кој ќе страда да ја плати цената и да даде прошка за покајаните гревови. Оваа блгодатна и славна помирувачка жртва објаснува зошто верата во Господ, Исус Христос е првиот принцип на евангелието. Неговото Помирување „постигнува воскресение на мртвите“ (Алма 42:23), кое „ги презема престапите на светот“ (Алма 34:8), ги брише сите наши покајани гревови и му дава на Спасителот моќ да ни помага во нашите смртни слабости
Над она славно поништување и простување на гревовите, планот на грижливиот Небесен Отец дава многу други дарби за да нé заштитат, вклучувајќи ја заштитата од потчинување на грев од самиот почеток. Нашиот смртен живот секогаш започнува со мајка и татко. Во идеален случај, и двајцата се присутни, со различни дарби за го водат нашиот раст. Доколку тоа не е така, нивното отсуство е дел од противењето што мора да го надминеме.
III.
Планот на нашиот Небесен Отец дава и други начини на помош што ќе нé водат низ смртните патувања. Ќе зборувам за четири вакви начини. Ве молам не ме држете за збор кога ги набројувам моите четири, бидејќи некои од нив се преклопуваат. Уште повеќе, освен овие постојат и други благодатни заштити.
Прво, јас зборувам за Светлината или Духот на Христос. Во одличната поука во книгата на Морони, Морони го цитира својот татко кој велел: „Христовиот Дух е даден на секој човек, за да разликува добро од зло“ (Морони 7:16). Ја читаме оваа иста поука и во современите откровенија.
„И Духот дава светлина секому кој ќе дојде на овој свет; и Духот го просветлува секого ширум светот, кој ќе го послуша гласот на Духот” (Учење и Завети 84:46).
Повторно: „Зашто Мојот Дух е испратен во светот да ги просветли понизните и покајаните, и да ги осуди безбожните“ (Учење и Завети 136:33).
Претседателот Џозеф Филдинг Смит ги објаснува овие стихови: „Господ не ги остава луѓето (кога ќе се родат на овој свет) беспомошни, да трагаат во темнина по вистина и светлина, туку секој човек … се раѓа со правото да добива водство, поука, и совет од Духот на Христос или Светлината на Вистината“.
Вториот начин на одлична помош што Господ ни ја нуди за да ни помогне да ја избереме вистинската работа е серија божествени упатства во светите писма како дел од планот за спасение (планот за среќа) Овие упатства се заповедите, обредите и заветите.
Заповедите го дефинираат патот што ни го одредил нашиот Небесен Отец за да напредуваме кон вечниот живот. Луѓето кои замислуваат дека Бог одлучува кого да казни врз основа на заповеди, не ја разбираат целта на Божјиот план за среќа. На тој пат, ние постепено го воспоставуваме потребниот однос со нашиот Спасител и се квалификуваме за зголемување на Неговата моќ да ни помага на патот кон дестинацијата што Тој ја посакува за сите нас. Нашиот Небесен Отец посакува сите Негови чеда да се вратат во селестијалното царство, каде Бог и нашиот Спасител претстојуваат, и да имаат идентичен живот со оние кои претстојуваат во таа селестијална слава.
Обредите и заветите се дел од законот што го дефинира патот до вечен живот. Обредите, и светите завети што ги склучуваме со Бог преку нив, се неопходните чекори и важни заштитници на овој пат. Сакам да мислам дека заветите покажуваат дека, според Божјиот план, оние кои однапред ветуваат дека ќе се држат до одредени заповеди и кои ќе ги одржат овие ветувања, ќе ги добијат Неговите највредни благослови.
Друг од Бога-даден начин за помош при за правење правилни избори се манифестациите на Светиот Дух. Светиот Дух е третиот член на Божеството. Неговата задача, дефинирана во светото писмо, е да сведочи за Отецот и Синот, да нé поучува, да нé потсети за сé, и да нé води кон сета вистина. Светите писма вклучуваат многу описи на манифестации на Светиот Дух, како што е духовно сведоштво како одговор на прашањето за вистинитоста на Книгата на Мормон. Манифестација не треба да се меша со дарот на Светиот Дух, кој се предава по крштевањето.
Еден од најзначајните начини на кој Бог им помага на Неговите верни чеда е дарот на Светиот Дух. Важноста на овој дар е очигледна во фактот дека тој формално се предава по покајанието и крштевањето во вода, „и тогаш [се вели во светите писма] доаѓа простување на вашите гревови со оган и со Светиот Дух” (2 Нефи 31:17). Луѓето кои го добиваат ова простување на гревовите, и потоа редовно го обновуваат нивното чистење преку секојдневно покајание и живеење според склучениот заветот преку обредот сакрамент, се квалификуваат за ветувањето дека Светиот Дух, Духот на Господ „може секогаш … да биде со нив“ (Учење и Завети 20:77).
Претседателот Џозеф Ф. Смит учеше дека Светиот Дух „ќе ги просветли умовите на луѓето за Божјите работи, ќе ги убеди на денот на нивното преобраќање дека ја извршиле волјата на Отецот, и ќе биде во нив трајно сведоштво кое ќе ги придружува во животот, во улога на сигурен и безбеден водич за сета вистина и ќе ги исполнува од ден во ден со радост и веселба, со склоност да прават добрини на сите луѓе, да страдаат наместо да прават зло, да бидат љубезни и милосрдни, трепеливи и дарежливи. Сите кои го поседуваат овој непроценлив дар, овој скапоцен бисер од непроценлива вредност, имаат постојана жед за правда. Без помошта од Светиот Дух“, заклучува Претседателот Смит, „ниту еден смртник не би можел на оди по тесниот и стрмен пат“.
IV.
Иако имаме толку многу моќни начини на помош да нé водат на нашето патување низ земниот живот, разочарувачки е што толку многу луѓе останале неподготвени за нивната судбинска средба со нашиот Спасител и Искупител, Исус Христос. Негова парабола за десетте девици, за која толку често се зборува на оваа конференција, сугерира дека од оние поканетите да се сретнат со Него, само половина ќе бидат подготвени.
Сите знаеме примери за тоа: вратени мисионери чиј духовен раст е прекинат со периоди на неактивност, млади луѓе кои го загрозиле свјот духовен раст затоа што не учествувале на црковните часови и активности, мажи кои го одложиле своето ракополагање на Мелхиседеково свештенство, мажи и жени—понекогаш потомци на благородни пионери или достојни родители—кои го напуштиле патот на заветот не успевајќи да склучат и да одржат завети во светиот храм.
Многу од овие отстапувања се случуваат кога членовите не успеваат да го следат основниот план за духовно одржување кој се состои од лична молитва, редовно проучување на светите писма и често покајание. Спротивно на тоа, некои го занемаруваат неделното обновување на заветите со тоа што не се причестуваат за време на сакраментот Некои велат дека Црквата не ги задоволува нивните потреби: тие го заменуваат она што го гледаат како нивни идни потреби со она што Господ го обезбедил во Неговите многубројни учења и можности за наша основна служба на другите.
Понизноста и вербата во Господ се домашен лек за ваквите девијации. Како што поучува Книгата на Мормон, Господ „ги благословува и унапредува оние кои веруваа во Него.“ (Хеламан 12:1). Вербата во Господ е конкретна потреба за сите кои погрешно ги мерат Божјите заповеди и учењата на Неговите пророци наспроти најновите откритија и мудроста на човекот.
Јас зборуваав за многуте начини на помош што нашиот Небесен Отец им ги дал на Неговите чеда за да Му се вратат. Нашиот дел во овој божествен план е да веруваме во Бога и да ги бараме и користиме овие божествени начини на помош, особено Помирувањето на Неговиот Возљубен Син, нашиот Спасител и Искупител, Исус Христос. Се молам да ги поучуваме и живееме овие принципи, во името на Исус Христос, амин.
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, May 2025. Macedonian. 19602