2025
Исус Христос: Надежта и ветување за Велигден
Aприл 2025


„Исус Христос: Надежта и ветување за Велигден“, Лијахона, април 2025.

Месечна порака на Лиахона , април 2025

Исус Христос: Надежта и ветување за Велигден

Преку надеж и ветување за Велигден, Исус Христос ги исполнува копнежите на нашите срца и дава одговора на нашите духовни прашања.

сува гранка на дрво

Илустрации од Мајкл Данфорд

Додека ја читате оваа порака, ве молам нека никој не ве вознемирува и сместете се на место наменето за духовно светилиште.

Многу често, нашиот свет е бучен, преполн со изговори и горделив. Но кога сме отворени, искрени и ранливи кон себе и Бога, велигденската надеж и ветување во Исус Христос стануваат вистина. Во такви моменти, ние пледираме:

„Како повторно можам да се видам со член на моето семејство, мој пријател, мојот сакан?

„Во свет на често-минливи ‘се избирам себе си’ односи, како да најдам и да почувствувам мир, надеж и заедништво со Бога (види Учењата и Заветите 107:19), со оние околу мене, и со самиот себе?“

„Дали има некој што можам да го сакам—и кој навистина ме сака? Може ли заветните односи да се развиваат и да траат, не како бајка туку со окови посилни од јаремот на смртта, навистина среќни и засекогаш?“

„Каде што има многу болка, страдање и неправедност, како можам да придонесам за мир, хармонија и разбирање во Исус Христос и во Неговото обновено евангелие и Црква?“

За време на оваа Велигденска сезона, го споделувам моето сведоштво за Исус Христос за Неговото ветување и надеж.

Ветувањето за Заветна Припадност и Цел

Бог, нашиот Вечен Отец на Небесата; Исус Христос, Неговиот Возљубен Син; и Светиот Дух ни се лично многу блиски. Нивната бескрајна и вечна светлина, сочувство и искупителна љубов се испреплетени во целта на создавањето и структурата на нашето постоење (види Алма 30:44; Мојсеј 6:62-63).

Во предсмртниот Небесен Совет, „воскликнуваа утринските, и извикуваа Божјите дворјани“ (Јов 38:7). Ние направивме избор. Сега одиме со вера. Преку нашето сопствено искуство, ја откриваме Божјата ветена убавина, јаснa визија, радост и цел насреде смртните неизвесности, обесхрабрувања и предизвици.

Ние не сме создадени за сами да талкаме во егзистенцијална неизвесност. Можеме да комуницираме со небесата, да градиме вера и припадност во семејството, во евангелието и во Црквата на светците, и да станеме наши највистински, најслободни, најавтентични, најсреќни и најзадоволни со самите себе преку доброволна и радосна послушност кон Божјите заповеди. Помирувањето—at(во)-one(едно)-ment(мислев)—(обединување) во и преку Исус Христос ја носи ова заветна припадност.

гранка дрво со пупки цветови

Надежта за животот и мисијата на Исус Христос

Надежите и ветувањата на Велигден ги вклучуваат секојдневните благослови и учењата што Исус Христос ги поучувал за време на Неговата совршена земна служба. Предодреден од самиот почеток, Исус Христос е роден како Единороден Божји Син (види Јаков 4:5; Алма 12:33–34; Мојсеј 5:7, 9). Тој напредуваше во мудрост, во стас и во благодат пред Бога и луѓето (види Лука 2:52). Настојувајќи единствено да ја исполни волјата на Својот Отец, Исус Христос простуваше гревови, исцелуваше изнемоштени, воскреснуваше мртви и ги тешеше болните и осамените.

Еднаш, откако постеше 40 дни, Тој сведочеше, „Господовиот Дух е на Мене, зашто Господ ме помаза, ме испрати да им донесам Радосна вест на бедните; да ги исцелам сршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница” (Лука 4:18; види и Исаија 61:1).

Тоа е секој од нас.

На Тајната вечера, Исус Христос им ги изми нозете на Своите ученици (види Јован 13:4–8). И во Стариот и во новиот Свет, Тој самиот ја воспоставил „живата вода“ и „лебот на животот“ како основа за сакраментот. Во светиот сакраментален обред, се повикуваме на Отецот и се заветуваме дека ќе го преземеме врз нас името на Исус Христос, секогаш ќе се сеќаваме на Него и ќе ги почитуваме Неговите заповеди, за да може секогаш да го имаме Неговиот Дух да биде со нас (види Лука 22:19–20; 3 Нефи 18:7, 10–11).

Во Рајската градина, Исус претрпе повеќе отколку што може да страда еден човек за да нé откупи и да се искупи за нас. Крвта течеше од секоја пора. Тој ги претрпел овие болки за сите, за да не страдаме ако се покаеме (види Учењата и заветите 18:11; 19:16).

Предаден и лажно обвинет, Исус Христос бил исмејуван и бичуван, и круна од трње била ставена на Неговата понизна глава ( види Матеј 27:26, 29; Марко 15:15, 17, 20, 31; Лука 22:63; Јован 19:1-2). „За нашите престапи беше прободен … преку неговите рани ние се исцеливме” (Исаија 53:5). Тој беше „издигнат на крстот“ за да нé привлече кон Него (види 3 Нефи 27:14-15). Сепак, дури и на крстот, Исус Христос простуваше ( види Лука 23:34). Побара од Јован да се грижи за Неговата мајка (види Јован 19:26-27). Се чувствувал напуштено (види види Матеј 27:46; Марко 15:34). За да се исполни светото писмо, Тој кажал дека е жеден (види Јован 19:28). Кога сè беше постигнато, Тој сам од Себе „го предаде духот“ (Лука 23:46; види и Јован 10:17–18).

Исус Христос знае како да ни олесни во нашите болести, слабости, осаменост, изолација и тешкотии (види Алма 7:12). Таквите неволји доаѓаат често како последица на изборот на другите. Тој знае и да се израдува со нас во нашите радости и благодарност, да заплаче со нас кога нашата радост е целосна. Нежно, Тој нè повикува во Негово име, со Негов глас, во Неговото стадо. Тој го повикува секој човек насекаде. Тој нè повикува да го гледаме и разбереме смртниот живот преку вечна перспектива. Кога чекориме правично и ги почитуваме нашите завети, Тој ветува дека сите работи можат да се свртат во наша корист (види Учењата и Заветите 90:24; Римјани 8:28).

Во од Него одредено време и начин, доаѓа обновување—не само за тоа какви биле работите туку и за тоа какви може да станат. Исус Христос навистина може да нè ослободи од ропството и гревот, од смртта и пеколот, и да ни помогне да ја исполниме нашата божественост со тоа што ќе станеме повеќе отколку што некогаш сме замислиле преку вера и покајание

Ветувањето за Спасение

Поради Исус Христос, смртта не е крајот. На Велигден изјавуваме:

Смртта е победена; човекот е слободен.

Христос ја освои победата.

По заповед и моќ на својот Отец, Исус можел да го даде својот живот и повторно да го земе (види Јован 10:17). Додека Неговото тело лежеше во гробот, Исус Христос им служеше и се организираше во светот на духовите, објавувајќи го „нивното искупување од оковите на смртта“ (Учењата и Заветите 138:16).

Утрото на третиот ден, Тој воскресна од гробот. И зборуваше на Марија. Им се појави на двајца ученици на патот кон Емаус, на Неговите апостоли и на други. (Види Матеј 28; Марко 16; Лука 24; Јован 20.)

Во хиазматично сведочење, Тој ги поканил Своите ученици да ги фрлат своите мрежи на другата страна на бродот; овој пат, иако повторно полни со риби, мрежите не се скинале (види Јован 21:6-11; Лука 5:3-7). Тој ги нахранил учениците и три пати го преколнувал Петар да ги нахрани Неговите овци и јагниња (види Јован 21:12–17). Тој се вознесе на небото, изјавувајќи дека Неговите ученици тогаш, и сите ние сега, треба да ја споделиме Велигденската прославена вест и Неговото Евангелие со секој народ, род и со сите луѓе (види Матеј 28:19-20; Марко 16:15).

Исус Христос е нашиот Добар Пастир и Јагнето Божјо. Тој го даде Неговиот живот, и им го дава Неговиот живот на, Неговите овци. Во градината и на крстот, Тој го поднесе неподносливото и се помири за нас. Во времето и вечноста, Тој ни покажува со пример како „смртта го овотра патот кон вечноста“.

Преку силата на Христовото помирување и воскресение, нашите тела и духови ќе бидат повторно обединети во физичко воскресение. Ние ќе бидеме славни, вратени во поранешниот физички изглед, рака во рака. Дури и влакната на нашите глави ќе ни бидат вратени. Ние ќе бидеме ослободени од болестите на смртноста, заболувањата, физичка несреќа и ментална неспособност. Христовото помирување може да нè благослови да го надминеме секаков вид на духовна поделба и духовна смрт. Доколку се покаеме, ќе бидеме ослободени од секој грев и тага, и отворени за вечна потполна љубов и радост. Чисти, прочистени, слободни, ние можеме да им се вратиме на најомилените семејни врски во славното, селестијално присуство на Бог нашиот Отец и Исус Христос.

Ќе ги видиме нашите сакани повторно. Кога повторно ќе се соединиме со оние што ги сакаме, ќе се гледаме од вечна перспектива – со поголема љубов, разбирање и добрина. Помирувањео на Исус Христос може да ни помогне да се сетиме на она што е најважно и да го заборавиме она што не е. Гледајќи го нашиот Спасител и односите со поголема верба и благодарност носи мир, го крева товарот, ги помирува срцата и ги обединува семејствата во смртноста и вечноста.

Расцветана гранка дрво

Надежта за изобилство и радост

На Велигден во Исус Христос прозорците на небесата се отвораат, плодот на лозата се множи и земјите стануваат скапоцени. Велигден во Исус Христос вклучува утеха и грижа за вдовиците и сирачињата, гладните и беспомошните, оние кои се исплашени, злоупотребувани или невино фатени во ситуација да згрешат. Свесен за секое од нив, Исус Христос нè повикува да гледаме и да служиме со љубов и сочувство, како Него.

За сите добри нешта, Исус Христос враќа во изобилство (види Јован 10:10; Алма 40:20–24). Тој ветува дека „земјата е полна, и има доволно дури и да се заштеди” (Учењата и заветите 104:17). Неговото враќање на сите работи ја вклучува полнотата на Неговото евангелие, Неговото свештенско овластување и моќ, и светите обреди и завети најдени во Неговата Црква, наречена со Негово име, дури и Црквата на Исус Христос на Светците од подоцнежните денови.

Велигден во Исус Христос вклучува повеќе свети Господови домови кои на многу места се доближуваат до Божјите чеда, носејќи го во нашите срца учењето за „спасителите на планината Сион“ (види Абинади 1:21). Господ овозможува просветлен, несебичен начин за ние да и го понудиме на земјата она што на заминатите сакани им треба и го посакуваат во вечноста, она што не можат да го обезбедат самите.

Таква е мојата надеж, ветување и сведоштво. Јас сум сведок на Бог нашиот Отец; нашиот Спасител и Искупител, Исус Христос; и Светиот Дух. На Велигден и секој ден, да најдеме вечна надеж и ветување во Божјиот божествен план за среќа, со неговиот заветен пат на божествена трансформација од смртност во бесмртност и вечен живот. Секој ден нека сигурноста за Помирувањето на Исус Христос ги олеснува нашите тешкотии, ни помага да ги утешиме другите во нивните таги, и да ги ослободиме нашите души за да ја добијат Неговата целосна радост.

Преку надежта и ветувањето за Велигден, Исус Христос ги исполнува копнежите за нашите срца и дава одговори на душевните прашања.

Белешки

  1. Јован 4:10, 14; 6:35; 7:37; види и Исаија 49:10.

  2. Види Матеј 26:26–29; Марко 14:22–25; Лука 22:17–20; 3 Нефи 18:1–11.

  3. He Is Risen!,” Hymns, no. 199.

  4. Upon the Cross of Calvary,” Hymns, no. 184.

  5. Види Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith (2011), 473, Gospel Library.