„Небесниот Отец сака да ви зборува“, Лиахона, март 2025 година.
Месечна порака на Лиахона, март 2025
Небесниот Отец сака да ви зборува
Нека вашата верба во Него и Неговиот Возљубен Син ви помогнат да имате поголем пристап до духовно водство за да го слушнете гласот на вашиот Отец.
Ние сме синови и ќерки на Бог, кои заедно ја споделуваат земјата далеку од нашиот небесен дом. Ова е нашата смртност, време да го добиеме нашето тело, да го избереме доброто над злото, „и ќе ја вкусат горчината, за да знаат да го вреднуваат доброто“ (Мојсеј 6:55), да ја зголемиме нашата вера во нашиот Спасител Исус Христос и Неговото свето Помирување, и да го прифатиме и да му се покориме на планот на среќа на нашиот Отец. Ние сме тука за да наликуваме што повеќе на нашиот Небесен Отец.
Без сеќавање на нашиот предсмртен живот, ние, понекогаш, се чувствуваме осамени за светот што сме го оставиле. Нашиот Отец ни даде духовен дар да останеме поврзани со Него и да добиваме водство, насоки и утеха од Него. Ние го знаеме овој дар многу добро; тој се нарекува молитва.
Молете му се на вашиот Небесен Отец.
На Адам и Ева и на сите оние кои ќе ги следат, еден ангел им рекол: „и ќе се покаете и ќе се повикувате на Бога во името на Синот засекогаш“. (Мојсеј 5:8).
Исус учеше: „Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Матеј 7:7). „Но ти, кога се молиш, … помоли Му се на твојот Отец … во тајност“ (Матеј 6:6). „Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое“ (Матеј 6:9).
Исус постојано му се молел на Својот Отец. „Тие денови се искачи на една гора за да се помоли, и ја помина целата ноќ во молитва кон Бога“. (Лука 6:12). „А Тој, … отиде во гората за да се помоли“. (Марко 6:46). „Пристигнаа во пределот, по име Гетсиманија; и им рече на учениците Свои: „Седете тука, додека се помолам!“ (Марко 14:32). Додека бил на крстот, Исус се молел за војниците кои Го распнале: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ (Лука 23:34).
Светото Писмо нé советува да се „молиме секогаш“ (Лука 21:36; 2 Нефи 32:9; 3 Нефи 18:15; Учење и Завети 10:5; 19:38; 20:33; 31:12). „Советувај се со Господ за сите свои дела, и Тој ќе те насочи кон добро“ (Алма 37:37). Покрај тоа, ние „кога би ја изразиле сета своја благодарност и пофалба што целата ваша душа има моќ да ги поседува“ (Мосија 2:20), признавајќи сé што нашиот Отец правил за нас.
Претседателот Расел М. Нелсон објасни: „Духовната самопочитување започнува со сознанието дека секое ново утро е дар од Бога. … Тој нè штити од ден на ден и нè поддржува од момент во момент (види Мосија 2:21).“
Нефи рече: „Кога би го послушале Духот кој го поучува човекот да се моли, би знаеле дека мора да се молите; зашто злиотт дух не го поучува човекот да се моли, туку го поучува да не се моли“ (2 Нефи 32:8).
Детал од Христос ја оживува Јаировата Ќерка, од Грег К. Олсен
Со примерот на нашиот Спасител и советот на ангелите и пророците низ вековите, јасно ни е укажано дека треба да се молиме секојдневно за да изразиме благодарност за нашите благослови и молитвата треба постојано да ни биде присутна во срцата. Имаме одговорност да разговараме со нашиот Отец.
Но што е многу пославно, нашиот Отец на Небесата одговара на нашите молитви. Едно прашањето кое дава смисла во овој смртен свет е, како подобро да ги добиеме и разбереме одговорите, насоката и утехата што доаѓаат од нашиот Отец?
Во текот на моите повеќе од седум децении живот, јас стекнав сознание дека нашиот Отец ни зборува. Ние не сме сами. Небесни суштества бдеат над нас и ни помагаат додека се обидуваме да го следиме Спасителот.
За да се добијат одговори на нашите молитви треба да се почне со нашата вера во нашиот Небесен Отец и во Неговиот Син, Исус Христос. Исус рекол: „Само верувај ми и не плаши се!“ (Марко 5:36). Ние веруваме во Него, даваме сé од себе да се држиме до заповедите и ја бараме Неговата рака во сè. „И во ништо човекот не го навредува Бог, … освен оние кои не ја признаваат Неговата рака во сите нешта, и не се покоруваат на Неговите заповеди“. (Учење и Завети 59:21).
Божјата рака во нашите животи не значи дека Тој ги предизвикува злите или ужасни трагедии што се случуваат во нашиот свет. Туку, тоа значи дека Тој ќе стои до вас во време на тешкотии и неправда, ќе ги зајакне вашите способности, ќе ве утеши и „ќе ги освети вашите страдања за ваша корист“ (2 Нефи 2:2).
Слушајте го Неговиот глас
Додека веруваме во Него и се држиме до Неговите заповеди, природно учиме подобро да го слушаме Неговиот глас.
Во септември 1993 година, мојата прва година како Генерален Овластен, Претседателот Џејмс Е. Фауст (1920-2007), тогашниот член на Кворумот на Дванаесетте апостоли, ме покани мене и мојата сопруга, Кети, да присуствуваме на духовната молитвена сесија на Универзитетот Бригам Јанг заедно со него. Сетете се, во 1993 паметните телефони, социјалните мрежи и интернетот сé уште не беа широко достапни.
Во својот говор, насловен како „Гласот на духот“, Претседателот Фауст предупреди: „Во генерација во која живеете ќе бидете нападнати од мноштво гласови кои ви кажуваат како да живеете, како да ги задоволите своите страсти, како да го имате сето тоа. Ќе имате до петстотини телевизиски канали на дофат на раката. Ќе имате разноразни софтвери, интерактивни компјутерски модеми, булинг огласни табли; ќе има десктоп издаваштво, сателитски приемници и комуникациски мрежи кои ќе ве задушат со информации. … Гласот што мора да научите да го слушате е гласот на Духот.“
Претседателот Бојд К. Пакер (1924-2015), претседател на Кворумот на Дванаесетте апостоли, поучува за тивкиот, мал глас на Духот навраќајќи се на искуството што го доживеал Џон Бароуз, природонаучник, кога се шетал со пријателите во преполн парк. Еве ги зборовите на Претседателот Пакер:
„Над звуците на градскиот живот [Г-дин Бароуз] го слушнал пеењето на една птица.
„Тој застана и ја слушаше! Оние со него не го слушнаа тоа Тој погледна наоколу. Никој друг не го забележа тоа.
„Му пречеше тоа што сите треба да пропуштат нешто толку убаво.
„Извади паричка од џебот и ја фрли во воздухот. Падна на тротоарот со звекот, не погласенн од песната на птицата. Сите се свртеа; можеа да го слушнат тоа!
„Тешко е да се одвои птичјата песна одсета врева на градскиот сообраќај. Сепак, можете да ја слушнете. Можете јасно да ја слушнете доколку се извежбате себе си да ја слушнете”.
Учењето на Претседателот Пакер за Светиот Дух се случило во 1979 година, во време кога животот бил многу потивок и бучавата во светот била многу попридушена отколку што е сега.
Претседателот Нелсон поучува: „Ако повеќе обрнувате внимание на содржините од социјалните мрежи отколку на шепотењата на Духот, тогаш се изложувате на духовен ризик“.
Претседателот Фауст рекол: „Ако сакаме да го послушаме гласот на Духот, и, мораме да внимаваме на она што го слушаме, да го насочиме небесното видение кон изворот на гласот и непоколебливо да гледаме кон небесата.“
Овој глас на Духот доаѓа до нашиот интелект и до нашите чувства. „Да, еве, преку Светиот Дух кој ќе слезе врз тебе и ќе живее во твоето срце, ќе му кажам на твојот ум и на твоето срце“ (Учење и Завети 8:2). Слушај ја твојата совест—откровението често започнува оттаму.
За време на посетата на Комплексот за девојки и момчиња во Маркина Сити, Филипини, во февруари 2024 година, старешина Андерсен ги поучува младите дека тие се Божји чеда: „Тој ве сака. И Нему можете да му се обратите за помош. Тој ќе ги слушне вашите молитви“.
Молете се со верба во срцето
Одговорите и впечатоците не можат да бидат изнудени. Се молиме и чекаме со верба во срцето. Некои одговори нема да дојдат во овој живот, но на праведните, Господ секогаш ќе им го остави Својот мир (види Јован 14:27). Одговорите често доаѓаат кога се молиме за да им помогнеме на оние околу нас. Понекогаш, тие доаѓаат „малку по малку, уредба по уредба“ (Учење и Завети 98:12).
Гласот на небесата може да стигне до нас во неочекувано време и на неочекувани места, но ние ги наоѓаме нашите најзабележителни можности на мирни места и свети места. Во тишината на моите рано утрински молитви и размислувања, пронаоѓам невообичаени благослови. Секојдневното, лично, непречено читање на светите писма, иако на моменти е само рутина, во други времиња го носи гласот на Духот во нашите срца како оган.
Понекогаш, оставените впечатоци се конкретно од она што го читаме, а понекогаш, нашите рамислувања носат одговор на многу поинаков проблем. Сетете се на зборовите на Старешина Роберт Д. Хејлс: „Кога сакаме да разговараме со Бога, ние му се молиме. А кога сакаме Тој да ни зборува, пребаруваме по светите писма“.
Како што бучавата и одвлекувањето на вниманието од светот нé опкружуваат, Господ го насочи Својот пророк да гради што повеќе и повеќе храмови. Кога ги оставаме нашите предизвици надвор и влегуваме со нашите молитви и грижи во овие свети Господови домови, нé поучуваат за вистините на вечноста.
Пред една година, Претседателот Нелсон ни го даде ова значајно ветување: „Почитувани мои браќа и сестри, еве го моето ветување Ништо нема да ви помогне да се држите до железната прачка поцврсто од служење во храмот онолку колку што вашите околности дозволуваат. Ништо нема да ве заштити подобро кога ќе се соочите со световните магли на темнината. Ништо нема да го зајакне подобровашето сведоштво за Господ Исус Христос и Неговото Помирување ниту ќе ви помогне подобро да го разберете Божјиот величествен план. Ништо нема да ви го смири духот повеќе во време на болка. Ништо нема да ги отвори небесата подобро. Ништо!“
Секоја генерална конференција носи дополнителни обилни благослови. Во наредниот месец април, уште еднаш, ќе се сретнеме на генералната конференција за да го слушнеме гласот на Господ. Доаѓаме на генерална конференција откако сме се помолиле и сме се подготвиле. За секој од нас, постојат итни грижи и сериозни прашања. Доаѓаме да ја обновиме нашата верба во нашиот Спасител, Исус Христос, и да ја зајакнеме нашата способност да се спротивставиме на искушението. Доаѓаме да бидеме подучувани одозгора. Ви ветувам дека кога се подготвувате и молитвено доаѓате на сесиите на генералната конференција, ќе ги почувствувате одговорите за вашите грижи и ќе знаете дека „небесната рака“ е врз вас.
Имајте верба дека вашиот Небесен Отец ви зборува. Тој е! Нека вашата верба во Него и Неговиот Возљубен Син ви помогнат да имате поголем пристап до духовно водство за да го слушнете гласот на вашиот Отец. Сведочам дека Тој е таму и ве сака многу повеќе отколку што зборовите велат.
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Liahona Message, March 2025. Macedonian. 19605 158