2025
Што знаеме за пастирите за време на првиот Божик?
За Силата на Младите, декември 2025


Месечна порака на За Силата на Младите , декември 2025

Што знаеме за пастирите за време на првиот Божик?

млади жени

Пастири, од Брајан Кол

Ние знаеме по нешто за пастирите за време на првиот Божик.

Тие биле близу Витлеем. Пастирите биле „во истата земја“ каде што се родил Христос (Лука 2:8). И тргнале пеш за да стигнат до Витлеем и да го видат тоа што се случило (види Лука 2:15–16).

Пастирите ја извршувале својата должност. Овие пастири „престојувале во полето и чувале стража крај своето стадо цела ноќ“ (Лука 2:8). Тие биле добри и верни пастири, како Спасителот— Добриот Пастир (види Јован 10:11, 14).

Ги знаеле пророштвата за Месијата. Очигледно знаеле за што зборува ангелот кога го најавиле раѓањето на „Христос Господ“ (Лука 2:11), Месијата пророкуван од дамнина.

Тие биле многу ревносни. Кога ангелот им кажал за „повиениот младенец … кој лежи во јасли“ (Лука 2:12), тие „побрзале“ да Го видат (Лука 2:16).

Ја споделиле добрата вест. Тие „соопштиле“ за сé што им било кажано во пораката на ангелот за Тоа Дете (Лука 2:17).

Му се заблагодарувале и го фалеле Бога. После сето ова, „се вратиле, славејќи го и фалејќи го Бога за сé она што го чуја и видоа, како што им беше речено“ (Лука 2:20).