Месечна порака на За Силата на Младите, октомври 2025
Зошто Господ има Црква?
Целта на Исусовата црква е „да им овозможи на поединци и семејствата да му помогнат на Бога во исполнувањето на Неговото дело на спасение и егзалтација". Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни помага „да се квалификуваат [Божјите] чеда за највисокиот степен на слава, кој е егзалтација или вечен живот".
„Спасителот … ја овластил [Црквата] да ги оствари Неговите цели - да го проповеда Неговото евангелие, да ги понуди Неговите обреди и завети, и да ни овозможи Неговата моќ да нè оправда и да нè освети".
Членовите на Црквата имаат пристап до моќта и благословите на Исус Христос преку овластено свештенство и клучеви, преку заветите и обредите, насоките на пророците, светите писма и заедницата на Светци.
На црквата, исто така, ѝ е заповедано: „Станете и зрачете, за да им биде вашата светлина пример на народите“ (Учење и Завети 115:5).
Членовите на Црквата се трудат да „зрачат“ со тоа што го живеат Евангелието, ги канат сите да го прифатат Евангелието, ги обединуваат семејствата за вечноста и се грижат за сиромашните и оние кои имаат потреби. Ова е Божјото дело на спасение и егзалтација.
© 2025 од Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved Печатено во РСМ. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, October 2025. Macedonian.19624 158