2025
Зошто Господ има Црква ?
За Силата на Младите октомври 2025


Месечна порака на За Силата на Младите, октомври 2025

Зошто Господ има Црква?

млади жени

Целта на Исусовата црква е „да им овозможи на поединци и семејствата да му помогнат на Бога во исполнувањето на Неговото дело на спасение и егзалтација". Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни помага „да се квалификуваат [Божјите] чеда за највисокиот степен на слава, кој е егзалтација или вечен живот".

„Спасителот … ја овластил [Црквата] да ги оствари Неговите цели - да го проповеда Неговото евангелие, да ги понуди Неговите обреди и завети, и да ни овозможи Неговата моќ да нè оправда и да нè освети".

Членовите на Црквата имаат пристап до моќта и благословите на Исус Христос преку овластено свештенство и клучеви, преку заветите и обредите, насоките на пророците, светите писма и заедницата на Светци.

На црквата, исто така, ѝ е заповедано: „Станете и зрачете, за да им биде вашата светлина пример на народите“ (Учење и Завети 115:5).

Членовите на Црквата се трудат да „зрачат“ со тоа што го живеат Евангелието, ги канат сите да го прифатат Евангелието, ги обединуваат семејствата за вечноста и се грижат за сиромашните и оние кои имаат потреби. Ова е Божјото дело на спасение и егзалтација.

Забелешки

  1. Генерален Прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 1.3, Евангелска Библиотека.

  2. Далин Х. Оукс, „Truth and the Plan“, Oкт.2018 генерална конференција (Ensign или Liahona, ное.2018, 26).

  3. Дејл Г. Ренлунд, Oкт. 2024 генерална конференција (Liahona, ное. 2024, 16).