Месечна порака на For the Strength of Youth , април 2025
Помош од Исус Христос: Разберете Зошто и Како
Разберете зошто Исус Христос е одговорот и на кој начин Тој ви помага.
Илустрација на Ден Висон
„Чувствувам дека постојано правам грешки. Тешко е да се обидуваш одново и одново“.
„Мојата ситуација е тешка. Не сум сигурен како да почнам да ја планирам иднината“.
„Загрижен сум за иднината. Не знам дали го имам она што е потребно за успех“.
„Исцрпена сум, но има уште многу да се сработи“.
Дали сте се соочиле со било кој од овие проблеми? Претседателот Расел М. Нелсон поучува: „Доколку имате било какви прашања и проблеми, одговорот секогаш се наоѓа во животот и учењата за Исус Христос” („The Answer Is Always Jesus Christ“, Apr. 2023 general conference [Liahona, May 2023, 127]).
Лесно е да се каже, „Исус Христос е одговорот“. Потребно е малку повеќе напор за да се разбере зошто и како Тој е одговорот.
Зошто Исус е одговорот?
Кога Спасителот ја издржувал Неговата помирувачка жртва, Тој направи три важни работи:
-
Ја надмина смртта, дозволувајќи ни да бидеме воскреснати.
-
Ја плати цената за сите гревови, овозможувајќи ни да се покаеме, да напредуваме и да му се вратиме на Бога. Тоа исто така ни помага да им простиме на другите кога грешат, бидејќи Христос ги презеде нивните гревови врз Себе.
-
Ги искуси сите болки, страдања, искушенија, болести и изнемоштености (види Алма 7:11-13). Тоа значи дека Тој знае многу прецизно како да ви помогне, како да ве исцелува, и како може да ве зајакне да издржите разни тешкотии и да се трудите да станете подобри.
Изберете било кој проблем, и за возврат можете да го пронајдете решението на една или повеќе од овие три вистини.
Сиромаштија? Бидејќи Исус Христос ги доживеал сите работи, Тој точно знае како се чувствувате. Не секогаш ја отстранува пречката, но Тој може да ги зајакне луѓето кои го носат тој товар (види Мосија 24:15).
Неуспех? Бидејќи Христос го надмина гревот, нашите неуспеси нема потреба да бидат трајни. Покајанието значи дека се подобруваме и дека стануваме повеќе од личноста која Тој ја гледа во нас.
Болест? Бидејќи Тој ја надмина смртта, ние ќе бидеме воскреснати со совршени тела имуни на болести и болка. Исус исто така „ги[презеде] врз него … болестите“ (Алма 7:11), што го направи Него совршена личност која нуди утеха и поддршка.
Како Исус помага?
Но дури и кога знаеме зошто Спасителот е одговорот (заради тоа што Тој е и што Тој направи за нас), ние сепак треба да знаеме како добиваме помош и сила од Него. Еве само неколу начини:
Молитва Со молење во името на Исус Христос, несовршените луѓе како нас можат да разговараат со совршен Бог. Можеме да се молиме за силата што ни е потребна во секоја ситуација, а Бог ќе одговори—не секогаш на начинот на кој посакуваме или очекуваме, туку на начин кој ќе нé благослови. Поканата на Спасителот е вистинска: „Побарајте, и ќе добиете” (Јован 16:24; 3 Нефи 27:29; Учењата и заветите 4:7).
Дарот на Светиот Дух Небесниот Отец, Исус Христос и Светиот Дух се обединети во една цел. Тие функционираат заедно! Секогаш кога ќе почувствувате водство или утеха од Светиот Дух, можете тоа да го сфатите како Христос да ви помага и вам исто така.
Почитувајте ги Заветите Старешина Дејл Г. Ренланд од Кворумот на Дванаесетте Апостоли поучува: „Терминот заветен пат се однесува на последователни завети преку кои доаѓаме кај Христос и се поврзуваме со Него. Преку оваа заветна врска, имаме пристап до Неговата вечна моќ“ (Apr. 2023 general conference [Liahona, May 2023, 36]).
Милост. Кога практикуваме вера во Исус Христос и се каеме, можеме да добиеме дополнителна помош и сила (се нарекува и милост) за да ги постигнеме работите кои не би можеле да ги постигнеме сами (види Водич до Светите Писма, „Милост”). Оваа сила, или милост, може да дојде на многу начини: од Светиот Дух, од некој пријател, од странец, некое чувство. Во суштина, сé добро доаѓа од Христос (види Морони 7:22). Кога ќе најдете само малку повеќе внимание, малку повеќе енергија, малку повеќе сила да истраете, прифатете го тоа како Христос да ви помага.
Запамтете ја причината и начинот
Значи, следниот пат кога имате потреба од одговор на некое прашање или проблем, угледајте се на Христос. Запомнете дека поради Неговата победа над гревот, над смртта и над сите други смртни предизвици, ништо не е невозможно. Побарајте го и Тој може да ве благослови, потоа ќе го видите Неговото влијание во вашиот живот. Тој ве сака од сé срце!
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, April 2025. Macedonian. 19625 158