Месечна Порака на За Силата на Младите , февруари 2025
Помош од некој Кој е Совршен
Без оглед на тешкотиите со кои се соочувате, Исус Христос ќе ви помогне ако се свртите кон Него.
Примерот, од Жанет Буруп
Од време навреме на сите нам ни треба помалку помош. Понекогаш многу помош. Вистината е, дека животот генерално оди многу подобро кога не се обидувате сами да минувате низ него.
Исус Христос е вашиот совршен извор за помош, надеж и сила. Тој исто така може да ви помогне да се промените на подобро—можеби дури и на начини за кој сте мислеле дека се невозможни.
Промена на Срцето
Дали некогаш сте се молеле Бог да ги омекне срцата на вашите непријатели? Ако е така, вие сте во добро друштво (види 3 Нефи 12:44; Морони 7:48). Дури и ако немате непријатели како непријателите опишани во Книгата на Мормон (знаете, непријатели вооружени со оружје и подготвени да нападнат), веројатно сте се молеле Бог да го омекне срцето на некој што не се однесувал добро кон вас.
Но дали некогаш сте помислиле да му се помолите на Бог и да побарате да го омекне вашето срце? Можеби ви е тешко да му простите некому. Или постојано го губите трпението, иако не сакате. Или сакате да сте пољубезни со вашите браќа и сестри и покрај фактот што тие понекогаш ве нервираат.
„[Исус Христос] ќе го промени вашето срце и вашиот живот. Малку по малку, ќе напредувате и ќе наликувате сé повеќе на Него. Вашата заветна врска со Него ќе ви донесе поголем пристап до Неговата моќ“ (За силата на младите: Водич Како да се Донесе Одлука [2022], 8).
Зарем тоа не е големо ветување? Без разлика со што се борите, дури и со сопственото срце, Исус Христос може да помогне. Како може да се обратите кон Него денес?
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, February 2025. Macedonian. 19621 158