Актуализирање на Курсот (2024)
Актуализирање на Курсот
Објавување Актуализирани EnglishConnect ресурси
Актуализирани дигитални верзии на EnglishConnect материјалите сега се достапни на англиски јазик на апл Евангелска Библиотека и ЦркватаНаИсусХристос.org. Актуализирањата се одраз на подобрена верзија за поддршка на учениците, учители и водачите. Примерите вклучуваат ресурси за секојдневно вежбање, поддршка за превод и принципи на учење со проучување и со вера. Дознајте повеќе на englishconnect.org/updates
Овие актуелизирања се преведуваат на повеќе од 40 дополнителни јазици. Локалните водачи ќе бидат известени кога ќе бидат достапни ревидираните електронски и печатени верзии на јазикот кој се зборува во единицата која ја водат. Членовите и мисионерите треба да продолжат да ги користат сегашните верзии на материјалите на EnglishConnect додека не станат достапни актуелизираните изданија.
Истражете ги новите EnglishConnect материјали во Евангелска Библиотека:
Се препорачува дигитална употреба на прирачниците за учење EnglishConnect, а можете да ги нарачате отпечатените материјали штом ќе бидат достапни во продавницата на интернет на store.ChurchofJesusChrist.org (Евангелска Библиотека > Прирачници и Водичи > EnglishConnect).
На предадвачите им се препорачува да ги прегледаат видео записите Teacher Training Videos додека се подготвуваат за водење на групите за разговор со актуелизираните ресурси.
Заменете ги претходниве материјали на EnglishConnect
Претходните изданија на материјалите на EnglishConnect сега се укинуваат. Иако овие ресурси се заменети, се уште може да ги купувате претходните изданија додека траат залихите во продавницата на интернет или додека актуализираните печатени изданија не станат достапни за купување.
Сегашните EnglishConnect групи може да продолжат да ги користат претходните изданија на EnglishConnect материјалите додека нивната група не заврши, или тие може да почнат да ги користат актуализираните дигитални верзии веднаш штом ќе станат достапни.