Месечна Порака на За силата на младите , февруари 2026
Дали сакате да бидете посреќни? Обидете се со благодарност
Кога вашиот живот е полн со промени, благодарноста може да ви помогне да се фокусирате на позитивните нешта и да останете полни со надеж.
Илустрации од Меги Стивенсон
„Никогаш нема да бидеш посреќен отколку што си благодарен”
Како што предлага цитатот од Старешина Гери Б. Сабин од Седумдесетте, колку сте среќни директно зависи од тоа колку сте благодарни. Има смисла — кога сте благодарни, се фокусирате на позитивните работи наместо на негативните.
Сепак, животот не оди секогаш како што сте испланирале. Неочекуваните промени може да ве направат да се чувствувате постресно, тажно или фрустрирано отколку посреќно. Но минувате низ тежок период, благодарноста може да ви помогне да останете полни со надеж. Испробајте три начини што ќе внесат повеќе благодарност во вашиот живот.
1. Барајте го доброто
Честопати, најтешко е да чувствувате благодарност кога нешто ви недостасува. Но, кои благослови можеби ги занемарувате со тоа што се фокусирате на она што го немате , наместо на она што го имате ?
Додека го барате доброто во вашиот живот, со текот на времето ќе стане полесно да го најдете.
2. Изразете благодарност кон Дарителот
Кога ги броите вашите благослови, не заборавајте од каде доаѓаат.
Изразувањето благодарност кон Отецот за Неговите дарби—вклучувајќи го и дарот на Неговиот Син—може да ја продлабочи вашата љубов и вера во Него. Претседателот Д. Тод Кристоферсон, Втор советник во Првото Претседателство, исто така објасни: „Чувствувањето и изразувањето благодарност кон Бога … влева воодушевување со чувство на радосно обновување“, што ви носи радост и сила и ви помага сигурно сведоштво.
3. Фокусирајте се на планот на Небесниот Отец
Очигледно, да се биде благодарен не значи да се игнорираат тешките работи во животот или да се чувствува среќа цело време. Дури и Исус Христос почувствувал и признал болка (види Алма 7:11; Учење и Завети 19:18–19). Тагата е нормален дел од смртноста.
Но без разлика на сè, едно нешто никогаш не се менува: милостивиот план на Небесниот Отец. Сета тага и болка што ја доживувате во животот ќе биде исправена поради Исус Христос и Неговото Помирување (види Откровение 21:4).
Старешина Дитер Ф. Ухтдорф од Кворумот на Дванаесетте Апостоли објасни: „Да бидеме благодарни во тешки времиња не значи дека сме задоволни од нашите околности. Тоа значи дека преку очите на верата гледаме подалеку од предизвиците на денешницата“.
© 2026 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, February 2026. Macedonian. 19935 158