Месечна порака на За силата на Младите , септември 2025
Исус Христос е и за добрите денови исто така
Кога работите одат добро, како можеме да останеме фокусирани на Спасителот? Еве неколку идеи.
Замислете ако некои пријатели поминувале време со вас само кога се мачеле а ве избегнувале кога биле среќни. Здрава врска? Не баш.
Дали некогаш му го правиме тоа на нашиот Спасител - Го бараме во тешките времиња а Го забораваме во добрите времиња?
Зборуваме многу за тоа како Исус Христос ни помага во нашите тешки времиња, веројатно затоа што сите, во различни прилики, се соочуваме со тешки работи.
Но постојат денови, недели па дури и години, ако имаме среќа, кога работите одат навистина добро. Понекогаш го заборавме Спасителот во тие времиња. Народите од Книгата на Мормон го направиле тоа. Тие напредувале од Божјите благослови некое време, но на крајот станале жртви на гордоста кога Го заборавиле.
Добрите времиња не значат дека одеднаш нема да имаме потреба од Исус Христос. Времињата на напредок се совршени времиња да се радуваме со Спасителот, да не Го заборавиме.
Затоа како да останеме поврзани со Исус Христос и со нашиот Небесен Отец кога искушенијата не нè потсетуваат да се свртиме кон Нив?
Останете скромни
Кога работите одат добро, добро е да се прослават вашите благослови и достигнувања. Но не заборавите кој ви овозможи да бидете таму каде што сте. Царот Бенџамин го кажал ова во неговата проповед во Книгата на Мормон:
„Зашто ете, зарем не сме сите ние просјаци? Зарем не зависиме сите од истото Суштество, имено од Бога, за сето богатство што го поседуваме, и за храната и за облеката, и за златото, и за среброто, и за богатството од секаков вид што го имаме?“ (Мосија 4:19).
Да се биде скромен за вашиот успех преку сеќавањето на тоа што Небесниот Отец и Исус Христос сториле за вас е одличен начин да Ги вклучите во вашите добри времиња.
Останете благодарни
Благодарноста е еден од најдобрите противотрови за гордоста и заборавот. Благодарноста кон Бога ќе ви помогне да се сетите на Него и на сето добро што Тој и Неговиот Син го прават во вашиот живот. Ова е исто толку ефикасно во добри времиња како што е во тешки времиња.
Останете свесни
Еден од омилените напади на Сатаната е да „ги смири, и улулка, во телесна безбедност“ (2 Нефи 28:21). Со други зборови, тој би сакал да се чувствувате толку задоволен и безбедни во добрите времиња што ќе заборавите што е најважно. Затоа, не го заборавајте Бога! Кога ќе останете свесни за суптилните трикови на непријателот и ќе им се спротивставите дури и за време на добрите времиња, можете да останете блиску до Небесниот Отец и Исус Христос.
Добриот пастир, од Мајкл Малм
Останете фокусирани на Христос
Претседател Расел М. Нелсон поучуваше: „Кога фокусот на нашите животи е на Божјиот план за спасение … и на Исус Христос и на Неговото евангелие, можеме да почувствуваме радост без разлика на тоа што се случува—или не се случува—во нашите животи. Радоста доаѓа од и поради Него. Тој е изворот на сета радост“.
Колку често помислувате на оваа вистина за радоста кога животот оди добро? Ова не е само утешителен совет во време кога работите се тешки. Ова е вистина секогаш, вклучувајќи ги и најдобрите денови. Затоа направете сé што можете за да се фокусирате на Христос, во добро и лошо.
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, September 2025. Macedonian. 19626 158