2025
Оној Кој не е Бог
За Силата на Младите август 2025


Месечна порака на За Силата на Младите , август 2025

Оној кој не е Бог

5 вистини за нашиот Небесен Отец

Можеме да дознаеме многу за тоа кој е Бог кога разбираме кој Тој не е.

боја и четка за сликање

Илустрација на Камила Греј

Еден од најголемите благослови на Обновувањето е тоа што Бог повторно, преку Божествено откровение, се претставува Себеси и Својот карактер како сакан Небесен Отец. Но понекогаш имаме мисли или идеи во врска со Бог што едноставно не се вистина. Кога ова се случува, можеме да дознаеме многу за тоа кој е Бог преку разбирање кој Тој не е.

Бог не е некоја непозната личност на некој далечен престол.

Тој е нашиот Отец, уште поубав дури и од најдобриот земен татко што можете да го замислите. Иако не можеме да се сетиме на нашиот предземен живот со Него, Тој нè познава поединечно и совршено. Тој има совршено тело од месо и коски, а ние сме по Негов лик.

Ако не можете да замислите каков е Бог, постои совршен пример: Неговиот Син, Исус Христос. Христос кажа: „Јас сум патот, вистината, и животот; никој не доаѓа кај Отецот, освен преку мене“. Ако ме бевте познавале, ќе го познававте и Мојот Отец“ (Јован 14:6–7). Со други зборови, ако сакаме да знаеме како изгледа Небесниот Отец, можеме да дознаеме каков е Исус Христос! Тие се совршено обединети во својата намера.

Бог не е некој кој е премногу зафатен за да ве ислуша.

Всушност, помагањето да имате вечен живот е Негова дело и Негова слава. Вие сте Неговиот фокус#1! Тој не е ограничен од времето како што сме ние. Посегнете по Него во молитва во секое време. Потоа слушнете ги многуте начини на кои Тој одговара.

Бог не е некој кој ве принудува да го следите.

Сатрешина Дејл Г. Ренланд од Кворумот на Дванаесетте Апостоли едно време поучуваше: „Целта во родителството на нашиот Небесен Отец не е неговите чеда да го прават она што е правилно; туку Неговите чеда да изберат да го прават она што е исправно и на крај да станат како Него“. Тој ќе ве покани, ќе се советува со вас, и ќе ве научи што е вистина, но нема да ви го ускрати правото на слободен избор со тоа што ќе ве принудува да Го следите.

Бог не е некој кој се обидува да ве фати како правите нешто погрешно, за да може да ве казни.

Туку, како што Патрик Кирон од кворумот на Дванаесетте Апостоли го кажа тоа, „Бог е во немилосрдна потрага по вас“ што значи дека Тој никогаш нема да се откаже од обидот да му се вратите Нему. Тој знае дека сите ние природно ќе се соочиме со тешки работи кога правиме грешки. Затоа Тој ни обезбеди начин да се исчистиме од грев и да најдеме сила преку Помирувањето на Неговиот Син.

Бог не е некој кој чека да бидете „задоволителни“ или „совршени“ пред да ве засака.

Неговата љубов кон нас е бесконечна. Тој ве сака токму сега, колку и да сте несовршени! Претседателот Џефри Р. Холанд, вршител на должност Претседател на Кворумот на Дванаесетте Апостоли, дава моќно појаснување за оваа вистина: „‘Дојдете какви што сте’ саканиот Отец ни вели на секој од нас, но, додава Тој, ‘Не планирајте да останете какви што сте’. Се насмевнуваме и се сеќаваме дека Бог е решен да направи од нас подобри луѓе отколку што мислевме дека можеме да бидеме“. Со совршена љубов и охрабрување, Небесниот Отец се обидува да ви помогне да станете како Него и да го добиете сето она што Тој има, чекор по чекор.

Кој Е Бог

Најдобриот начин да го запознаете вашиот Небесен Отец е да продолжите да практикувате и да стекнувате знаења за Него. Како? Дознавајте за Него и за Неговиот Син од Светите Писма и зборовите на живите пророци. Молете Му се. Држете се до Неговите заповеди. Поминувајте одредено време во тивко, интимно богослужење во црква, во храмот и на други свети места. Склучувајте и одржувајте ги заветите со Него. Тој ќе ви помогне да дознаете кој е Тој и што чувствува за вас.

Белешки

  1. Види Учењата и Заветите 130:22.

  2. Види За Силата на Младите: Водич за Носење Одлуки (2022), 23.

  3. Види Мојсеј 1:39.

  4. Dale G. Renlund, Oct. 2018 general conference (Ensign or Liahona, Nov. 2018, 104).

  5. Patrick Kearon, Apr. 2024 general conference (Ensign, May 2024, 87).

  6. Jeffrey R. Holland, Apr. 2017 general conference (Ensign or Liahona, May 2017, 51).