Месечна порака на За силата на младите, мaрт 2025
Како живееме во светот и ги „оставаме световните работите“?
Учениците кои Тој ги избрал, од Кејси Чајлдс
Господ рекол: „ќе го оставиш она што е световно, и ќе го побараш подоброто“ (Учење и Завети 25:10). Ова не значи дека ги игнорираме нашите временски и материјални потреби, туку значи дека не ги поставуваме на прво место богатството, моќта, позицијата или одобрувањето на светот. Еве некои принципи на кои не учат во врска со живеењето во светот:
Ставете ги Божјите работи на прво место. „Барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда“ (Матеј 6:33). Во нашите срца и нашите животи, Божјите заповеди и нашите завети со Него се наш приоритет.
Барајте учење „Како што учите за светот околу вас, научете и за Спасителот. … Што повеќе учите, толку повеќе можете да помогнете да се изгради Божјото царство и трајно да влијаете на светот“ (За силата на младите: Водич Како да се направи вистинскиот избор [2022], 31, 32).
Работете. „Работењето е важен евангелски принцип. Таа поттикнува раст и нè развива. … Господ не само што сака да ги обезбедиме нашите семејства, туку и да бидеме ‘загрижено вклучениза она што е добро’ (Учење и завети 58:27)“ („Employment“, Topics and Questions, Gospel Library).
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly For the Strength of Youth Message, March 2025. Macedonian. 19628 158