„Светците одат на запад“ Пријател, Декември 2025, 00.
Месечна порака на Пријател , декември 2025
Светците одат на Запад
Откако Џозеф Смит починал, Бригам Јанг и другите апостоли ја воделе Црквата. Бригам знаел дека Светците мора да го напуштат Наву затоа што тоа не било безбедно место за живеење. Но Господ сакал најнапред да го завршат храмот.
Кога храмот бил готов, илјадници Светци склучиле завети со Господ и биле запечатени како семејства.
Сега дошло време да го започнат нивното патувањето кон запад. Времето било студено а луѓето болни и гладни.
Брингам се молел за помош. Господ му кажал дека треба да си помагаат едни на други, за возврат тој ќе ги благослови и ќе им помогне.
Патувањето сè уште било многу отежнато. Некои луѓе починале. Но, поради своите храмски завети, Светците знаеле дека повторно ќе ги видат членовите на своето семејство.
Првите Светци пристигнале во долината Солт Лејк во 1847 година. Овде тие можеле да му богослужат на Господ и спокојно да го извршуваат Неговото дело.
Со текот на годините, пристигнале уште Светци и се изградиле уште храмови Мисионерите пропатувале низ целиот свет за да го проповедаат евангелието на Исус Христос. Црквата на Спасителот и понатака растела, благословувајќи ги децата на Небесниот Отец насекаде.
Страна за Боење
Тој е светлината, животот и надежта на Светот
Илустрации од Кореј Егберт
Што правите на Божик во сеќавање на Исус Христос?
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Friend Message, December 2025. Macedonian. 19637 158