2025
Џејн Менинг патува во Наву
Октомври 2025


„Џејн Менинг патува во Наву“, Пријател, октомври 2025.

Месечна порака на Пријател, октомври 2025 година.

Џејн Менинг патува во Наву

Еден човек ја крсти Џејн Менинг под ведро небо

Таму каде што живеела, некои луѓе се однесувале лошо кон Џејн Менинг поради нејзината боја на кожа. Еден ден, таа слушнала еден мисионер како поучува. Набрзо таа била крстена.

Џејн и нејзиното семејство стојат на брегот блиску до еден брод

Семејството на Џејн било крстено исто така. Тие сите сакале да бидат со Светците во Наву. Затоа и го започнале своето патување.

Џејн и нејзиното семејство носат торби и гледаат како брод отпловува по реката.

Семејството на Џејн сакало дел од патувањето да го помине на брод, но тие немале доволно пари. Затоа морале да отпешачат 800 милји (1,300 км).

Џејн и нејзиното семејство одат во износени чевли и калливи алишта

Морале да преминат преку еден длабок поток и да спијат надвор на ладно. Но, биле решени да стигнат до Наву. Се развеселувале со пеење додека пешачеле.

Џејн го преврзува стапалото на некој маж со завој

Семејството на Џејн одело сè додека чевлите не им се износиле и не ги заболеа нозете. Но кога му се помолиле на Бога за помош, Тој им ги исцелил нозете.

Една група луѓе гледаат кон Џејн и една жена која држи болно дете

Тие две им помагале на луѓето кои ги среќавале по патот. Поради нивната вера, тие дури и помогнале да се излечи едно болно дете.

Џејн ја прегрнува Ема Смит а Џозеф Смит се смее

Конечно, Џејн и нејзиното семејство стигнале до Наву! Кога Џозеф Смит слушнал низ што сé поминале, ѝ кажал на Џејн: „Бог да те благослови. Сега си меѓу пријателите.“

Страница за боење

Исус сака да ги сакам сите

ПДФ страница за боење: две деца кои седат заедно на стол

Илустрации од Кореј Егберт

Како ја покажувате својата љубов кон останатите?