2025
Затвор Либерти
Мај 2025


„Затвор Либерти“, Пријател, август 2025, 26-28.

Месечна порака на Пријател , август 2025

Затвор Либерти

Куќи што горат и налутени мажи со пиштоли

На многу луѓе во Мисури не им се допаѓале светците. Гувернерот испратил војници да ги протераат.

Човек на коњ вперува меч кон Џозеф Смит

Војниците го апсат Џозеф Смит и други црковни водачи. Една вечер, стражарите се смееле на лошите работи што им ги направиле на Светците.

Џозеф Смит со синџири на зглобовите, стои исправено и разговара со мажи

Џозеф станал и извикнал: „Тишина!“ Тој зборувал со Божја моќ. Стражарите изразиле жалење и престанале да зборуваат.

Џозеф Смит и другите мажи во затворот Либерти изгледаат тажно и ладно

Подоцна, Џозеф и неговите пријатели биле ставени во затвор во еден град наречен Либерти. Затворот бил ладен, мал и темен. Имале само валкана слама за спиење. Храната која им била дадена ги разболела.

Џозеф Смит плаче а еден човек го теши

Џозеф бил загрижен за Светците. Но не можел да направи ништо за да им помогне.

Џозеф Смит клекнува да се моли во затвор

Џозеф многу се молел. Тој прашал дали Бог го заборавил него и членовите на Црквата.

Џозеф Смит клечи во затвор, гледајќи нагоре кон сончевата светлина која зрачи низ еден мал прозорец

Бог одговорил на Џозефовата молитва. Тој кажал: „Сине мој, нека има мир во душата твоја“. Бог му кажал на Џозеф дека неговите предизвици нема да траат вечно и дека ќе бидат за негово добро. Ветил дека ќе биде со Џозеф за „век и векови“ (Учењата и Заветите 121:7, 46).

Страна за Боење

Јас Можам да им Бидам Како Зрак Светлина на Другите

Активност на страната за боење со светилник, карпест брег и едрилица во океанот

Илустрации од Кореј Егберт

На кој начин сте добар пример за другите?