Месечна порака на Пријател , јули 2025
Апостолите на мисија во Велика Британија
Господ му кажал на Џозеф Смит да испрати некои од Апостолите на мисија во Велика Британија. На апостолите им било тешко да ги напуштат своите семејства, но Господ ветил дека ќе ги благослови.
Хебер С. Кимбал и неговата сопруга, Вилаета, имале младо семејство. Многумина од нив биле многу болни.
И Брингам Јанг бил болен, а неговото семејство сиромашно. Но сопругата на Бригам, Мери Ен, му кажала: „Оди и исполни ja својата мисија, и Господ ќе те благослови“.
Здравјето на Хебер и Бригам се подобрило, но тие биле многу слаби. Сакале да го проповедаат Евангелието, па се збогувале со своите семејства и се качиле на задниот дел на некој вагонот за да го започнат своето патување.
По долго патување преку океанот, Хебер и Бригам пристигнале во Велика Британија. Заедно со други апостоли, го поучувале евангелието на многу луѓе. Илјадници луѓе биле крстени во Црквата на Исус Христос. Многу од нив пловеле преку океанот за да им се придружат на светците во САД.
Господ го одржал ветувањето дека ќе се грижи за семејствата на Хебер и Бригам додека Му служат како мисионери.
Страна за Боење
Бог го создал секое суштество на Земјата
Илустрации од Кореј Егберт
Кое е вашето омилено суштество?
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Friend Message, July 2025. Macedonian. 19639 158