Месечна порака на Friend, јуни 2025
Градењето на храмот Киртланд
Господ му рекол на Џозеф Смит дека е време да се изгради храм во Киртланд, Охајо, САД. Тоа ќе биде посебно место каде што Господ ќе го посети Својот народ и ќе се завети со него.
Светците започнале да го градат храмот. Тоа чинело многу пари и барало многу работа. Но тие биле возбудени што добиле благослов од Господа.
Додека Светците работеле на храмот, почнале да остануваат без пари. Се молеле на Бога за помош.
Една жена по име Каролина Типетс и нејзиното семејство заштедиле многу пари. Тие и дозволиле на Црквата да позајми пари за да помогне во изградбата на храмот.
Светците работеле напорно. Некои возеле вагони полни со камења. Други правеле облека и храна за работниците.
Децата собирале парчиња скршено стакло за да ги измелат и да ги стават на ѕидовите на храмот за да светкаат на сонцето.
Наскоро храмот бил завршен! Светците биле возбудени да одат во Господовиот дом за да ги примат благословите кои Тој им ги ветил.
Страна за Боење
Господ знае кој сум и ме сака
Илустрации од Кореј Егберт
Нацртајте го лицето во овалот. Како знаете дека Исус Христос ве сака?
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Friend Message, June 2025. Macedonian. 19643 158