„Луси ја пронаоѓа вистината“, Пријател, април 2025, 26-28.
Месечна порака на Пријател , април 2025
Луси ја пронаоѓа вистината
Еден ден, 15-годишната Луси Морли ѝ помагала на соседката, Абигејл Даниелс, да исткае ткаенина. Додека работеле, тројца мисионери затропале на вратата. Тие рекле дека Исус Христос ги испратил за да споделат порака.
Мажите им кажале на Абигејл и на Луси дека Исус го повикал Џозеф Смит да биде пророк. Тие им раскажале и за Книгата на Мормон.
На изненадување на Луси, Абигејл се налутила. Таа ги истерала мисионерите.
Луси знаела дека мисионерите се Божји слуги. Им кажала да го посетат нејзиното семејство подолу по патот.
Мисионерите го посетиле домот на Морли. Родителите на Луси ги примиле мисионерите за да ги поучуваат заедно со нивните пријатели.
Истата ноќ, 17 луѓе биле крстени. Во следните неколку дена, уште 50 луѓе ги ислушале мисионерите и биле крстени. Дури и соседката на Луси, Абигејл, се предомислила. Со тоа што се крстиле, таа и нејзиниот сопруг, заедно со Луси и членовите на нејзиното семејство, избрале да го следат Исус Христос.
Страна за Боење
Поради Исус Христос, јас ќе бидам воскренат
Илустрации од Кореј Егберт
Каков го памтите Исус на Велигден?
© 2025 by Intellectual Reserve, Inc. All rights reserved. Печатено во САД. Одобрено на англиски: 6/19. Одобрен превод: 6/19. Превод на Monthly Friend Message, April 2025. Macedonian. 19631 158